Internet Explorer 8 (ќе) бил Acid2 позитивен

Што е Acid2?

Уааааууу… Се прашувам да не играло некое copy/paste со сликава што ја имаат објавено на блогов. Што па не го покажале и „About“ прозорецот од IE8 Beta, ако имаат некаква постоечка бета?! Ќе цитирам еден коментар од Neowin:

whats more surprising?
that they didn’t fully support basic web standards before, or that it took them THIS long to do it?

Туку ме заболе за IE… Вчера излезе Firefox 3 Beta 2! Не сум ја тестирал уште… Рецензија има на Mozilla Links.

Како да претворите daa датотека во iso бесплатно? Во ГНУ/Линукс!

Баш периодов нешто преземав преку торенти и кај најголем дел од архивираните датотеки, го сретнав типот ‘daa’. ‘Daa’ е всушност ист датотечен формат како и ‘iso’, само што е од целосно затворен тип и никој не може да го имплементира во своите апликации затоа што неговите креатори решиле дека не го даваат. Ова лаички кажано нели… Вистинката причина е заработувачката… PowerISO е единствената апликација со која може да се прави конверзија од ‘daa’ во ‘iso’ формат и таа чини околу 30$ по лиценца, нормално тоа важи за Windows. PowerISO за ГНУ/Линукс е бесплатна апликација. Не е со отворен код, но доаѓа како извршна датотека, преку која можете да ги обавите сите основни процедури, за кои е наменета апликацијата. Ако сметате дека ви е полесно да барате кракови и да ја користите верзијата за Windows, тогаш не читајте во продолжение.

За оние останатите кои веруваат дека животот треба да им биде поедноставен, еве како со PowerISO под GNU/Linux да направите конверзија на ‘daa’ датотека во ‘iso’.

Преземете ја извршната датотека од овде. Отпакувајте ја некаде… на пример, во /home/име_на_корисник/. Појдете во папката преку конзола и внесете ја следнава команда без да се најавувате како администратор (значи без sudo/su):

./poweriso convert име_на_датотека.daa –о име_на_нова_датотека.iso –ot iso

Притоа се подразбира дека пред името на датотеката морате да ја наведете локацијата каде што истата се наоѓа и повторно локацијата каде што планирате да го зачувате iso-то. Доколку имате некое комплицирано име на папка/датотека со празни места, користете апострофи: ‘Ова е папката/датотеката’.

Доколку сакате да ги дознаете сите можни команди на PowerISO под ГНУ/Линукс прочитајте за нив во документацијата, преку командата:

./poweriso -?

Не ми е јасно зошто некој го користи daa датотечниот формат, а не iso? Уште помалку разбирам кој би дал 30$ за ужасен софтвер за Windows, како што е PowerISO. Сепак благодарност до производителите што не заборавиле на луѓето што сакаат да имаат избор.

Unreal Tournament 3 е ИГРИШТЕ!

Сè некако си мислев дека играва ќе разочара, ама грешка сум бил. Игрива е до бесконечност, убава е за гледање, беспрекорно е стабилна и што е најинтересно во иднина ќе има клиент и за ГНУ/Линукс. Едвај чекам да видам какво искуство ќе биде тоа.

Извадив некое сликче колку да не биде штуро. Сликите се извадени со основно (default) пост-процесирање во прозорец и на „Insane“ пост-процесирање на цел екран, во Windows XP SP2.

По приказна, уште не сум играл, ама на Instant Action се раскостив. Прекрасно и многу забавно. Што се однесува до хардверот во споредба со Gears of War, Unreal Tournament 3 е многу поскромна што и визуелно се забележува (повеќе фрејмови во секунда). На резолуција 1280x1024px со „Insane“ пост-процесирање на мојот компјутер (Athlon 64 3200+, 2GB RAM, GeForce7600 GS 256MB VRAM) се игра со 15-тина фрејма во секунда. Без пост-процесирање на резолуција 1280x1024px сè е беспрекорно, но и малку посиромашно. Интересно е и тоа што во било кој момент од играњето може да се активираат/деактивираат специјални ефекти, да се промени резолуција, да се помине во „windowed“ мод… супер!

Физиката во играта ќе биде посебно интересна за сопствениците на Ageia PhysX – хардверскиот акцелератор за физика (ако воопшто некој во Македонија има ваква картичка).

Не знам што е ново „на хартија“, кај Unreal Tournament 3, ама мене ми се виде ептен интересна. Ја препорачувам. :)

OLPC во Точка – 12.12.2007

На 12ти декември, среда, со почеток од 20:00 часот во Точка (позади соборен храм) ќе се одржи кратка презентација на лаптопот XO, познат како лаптопот за секое дете. Настанот е организиран од страна на Слободен софтвер Македонија во склоп на проектот „Сподели знаење“. Еве го и распоредот за презентацијата:

  • Почеток на настанот. Вовед и објаснување за гостите.
  • Видео од презентација на Николас Негропонте – Директор на фондацијата OLPC дадена на конференцијата ТЕD
  • Образовните можности на OLPC
  • Технички спецификации и можности на OLPC

Слободен софтвер Македонија веќе целосно го локализираше на македонски јазик, софтверот кој што го користи овој лаптоп, па се надеваме дека ќе успееме да ја ажурираме последната верзија на софтверот која што го вклучува и македонскиот превод.

Се гледаме во Точка!