Збогум Он.нет

После речиси 3 месеци натегања си ги исчистив гревовите! :) Го раскинав договорот за WADSL без било какви дополнителни надоместоци, а на мое искрено изненадување ми беше простен долгот за 3462,16MB… Уаааууу… На Он.нет искрено му посакувам да стане подобар па во иднина да успее да ме врати како корисник. Дотогаш, останувам ЗАДОВОЛЕН корисник на Македонски Телекомуникации т.е. на МТ.Нет. Еве една „кратка“ хронологија на настаните.

  • На 25.10.2007, го раскинувам договорот за Solo 101, кој го поднесувам месец и половина порано. Нормално никогаш (за среќа) не ја дочекувам мојата конекција. Опрема за Solo 101 земам, па на 25 октомври неа ја враќам. Патем поднесувам и приговор за раскинување на договорот за користење WADSL. На 25 октомври – ден четврток – ми е речено дека во понеделник ќе ми се јават во врска со приговорот. Инаку пред да ги завршам претходниве работи одам во главниот Он.нет (да не речам Дирекција) од каде ми велат дека таму не раскинуваат договори… одам во најблискиот продажен салон од преку улица, ми велат дека опремата се враќа во продажниот салон во кој е поднесен приговорот… одам во Беверли и потоа започнувам разговор со некоја си „нова“ вработена која што згора на сè, ми го зема и договорот за WADSL… наводно бил потребен за приговорот… тоа да ти немало врска!
  • На 29.10.2007, понеделник, нели – никој не ми се јавува.
  • На 30.10.2007, вторник – одам повторно во продажниот салон во Беверли, зашто таму сум го поднел приговорот. „Да еве гледам сте поднеле приговор, но нема сè уште ништо одлучено за него… утре ќе ви се јават сигурно.”
  • На 31.10.2007, среда, Утре, ништо! Ни абер ни глас. Бидејќи самите си одредиле рок од 15 дена за да се произнесат по приговорот, решавам да престанам да одам по салони додека тој рок не помине и потајно се надевам дека ќе се вразумат и ќе ми се јават.
  • Во наредните неколку денови склучувам договор со МТ.Нет и за околу две недели ставам MaxADSL 100. Да појаснам зошто ова траеше волку долго. Он.нет во случајот со Solo пакетите, се препродавачи на ADSL-от на МТ.Нет, заради што доколку поднесете барање за Solo во Он.нет, тие поднесуваат барање до МТ.Нет и ви отвораат кориснички профил во МТ.Нет. Тоа е исто како да се корисник на МТ.Нет само што му плаќате на Он.Нет. Доколку раскинете договор за Solo, треба да поминете низ сите можни комуникациски проблеми меѓу Он.Нет и МТ.Нет и да ви биде поништен корисничкиот профил во МТ.Нет. Патем правните процедури се многу долги. За неколку дена ми се јавија, отидов, средив договорите и за само 2 дена потоа, имав активен MaxADSL акаунт.
  • Поминаа 15 дена од поднесувањето на приговорот за раскинување на договорот за WADSL… па на 9.11.2007, појдов во продажниот салон во Беверли. Во меѓувреме од Он.нет ми стига сметка за ноември… Вријам! Во салонот објаснувам во што е проблемот… разговарам со една многу убава девојка (штета што подоцна излезе дека била ретко глупава) која наместо да покаже разбирање, почнува да се расправа со мене, како јас да сум крив што таа мора да поминува низ процесов заедно со мене… Вели: „Ама вие не доаѓајте! Кога ќе биде одговорено по приговорот ние ќе ве контактираме!“ Велам:„Ви помина рокот! Зошто тоа не го направивте досега? Зошто ми праќате сметка за ноември?”. Вели: „Сметката ќе се ревидира…“. Си заминав…
  • На 12.11.2007 го гасам Канопито и почнувам активно да користам MaxADSL. Во месец ноември, на WADSL имам направено сообраќај од 3462,16MB
  • На 28.11.2007, одам во продажниот салон во Беверли да му ставам крај на чекањево и да ја заврзам работава… решен да го платам тоа што го должам и да барам да си ја соберат опремата. Разговарам со истата „убавица“… овојпат е љубезна… во првите 5 минути. Нормално на ништо од претходната средба не се сеќава и ми го вели следново: „Да вие сте поднеле приговор, но негативно е одговорено на барањето за попуст. Попустот за месец 8,9 и 10 не ви е одобрен!“. Велам: „Ама каков попуст, па јас поднесов договор за раскнување на договор, а не за одобрување попусти!?“. Вели:„Да ама не сте го навеле тоа во приговорот… вработените во нашата служба за корисничка поддршка не знаеле за што се работи… Поднесете нов приговор…“. Велам: „За кој ќе треба да чекам уште 15 дена?!?!?!“. Во меѓувреме еден, веројатно ново-вработен дечко ги чита ставките што сум ги навел во приговорот и вели: „Ова не е вистина… Сите компании сметките ги наплаќаат однапред…“. Во приговорот имав наведено дека не сум задоволен зашто сметката морам да ја платам до 16-ти, во месецот иако тој не завршил и иако јас не сум го искористил она за што плаќам! И тука зовривам, почнувам да повишувам тон, се расправам и со двајцата наизменично, но не сум безобразен за разлика од нив, за кои „Вие“ стана „Ти“ итн. Конечно, дојде шефицата на салонот, се извини што влегува во дискусија, ме замоли да поднесам нов приговор во кој експлицитно ќе наведам дека сакам да го раскинам договорот за WADSL, дека сум ја исклучил антената и дека немам намера повеќе да користам WADSL. Ми даде лични гаранции дека таа ќе го достави приговорот на соодветното место, дека ќе бидам во најкус можен рок информиран, уште еднаш потенцирајќи дека таа лично ќе се погрижи за тоа да се оствари. Се заблагодарив, замолив уште еднаш да побрзаат и реков дека доколку не добијам одговор на приговорот, повеќе нема да доаѓам во салонот и си заминав.
  • На 29.11.2007, ми се јави еден „момак“, кој не се ни претстави. И почна да ми збори као сум имал приговор за попуст поднесено и дека не му било јасно што е работата со мене… преку глава веќе… му објаснив смирено во што е работата… Рече дека ќе ми се јавеле повторно.
  • Наредниот ден, 30.11.2007, добивам мејл од извесна персона, дека бидејќи не можеле да ме добијат телефонски, преку електронска пошта ме информираат дека приговорот е прифатен и дека договорот ќе биде раскинат без било какви надоместоци од моја страна. Фала курцу!!! Појдов во омилениот продажен салон во Беверли :) но овојпат ја фатив втората смена… па ајде дур се објаснив со нив што сакам, дур тие се договорија со шефицата на салонот, па дур го направија потребниот документ поминаа уште 20-тина минути. На крај имаше уште неколку непрофесионални моменти, но нив ми е мачно да ги наведувам зошто раце ми паднаа од пишување… а на крајот на краиштата јас конечно го добив тоа што го барав, па зарем ми е гајле кој сељак од персоналот како ми се обратил?!

Ете како раскинав со Он.нет. :-)

Сподели Кино 2.06 / 28.11.2007 – среда / 18 часот / Точка

слика

Овој пат уредник на вечерта е Дарко156. Еве ја најавата од Дарко:

  • Обожавам негативци. Едноставно држат противтежа эа конструктивна дискусија. Еден таков контраш, ако не и најпопуларниот во контекст на web 2.0 е Andrew Keen, автор на блогот The Great Seduction и автор на книгата The Cult Of The Amateur.
  • Со добар дел од неговите ставови не се сложувам, но сепак многу е корисно кога човек може да слушне/прочита став кој е спротивен на неговиот, едноставно многу помага во понатамошното перцепирање на работите и во разбиструвањето на некои теми.
  • Видеото е презентација/говор поповод неговата книга (The Cult Of The Amateur) пред вработени во Google. Или што би се рекло во Змаевото гнездо.

Видеото на англиски и нема превод, но тоа никогаш не било пречка. :-) Повелете на кино и дискусија.

Ваучери

Веќе навистина ми досади да го правам муабетов ама имаше денес неколку ситници, па да поделам. Риверсофт дефинитивно не продава компјутери со ваучери легално… или барем не оние конфигурации за кои се доплаќа. А во моментов такви се сите, бидејќи нели нема конфигурација со монитор, за помалку од или еднакво на 12.300 денари. Што се случува? Сакаш да купиш компјутер со доплата и како составен дел на истиот да вклучиш и да речеме LCD монитор, на ваучерот т.е. на посебниот формулар се внесува сумата на конфигурацијата без таа да ја вклучува и цената на мониторот. Значи, за ваучер и доплата ти продаваат конфигурација без монитор, што е нели нелегално. Мониторот ти го наплатуваат во вкупната сума, но како посебен дел, на посебен документ, за кој соодветните институции немаат увид или пак имаат увид и се толерантни. Патем општиот впечаток што го имав додека се наоѓав во просториите на компанијава, беше дека јас сум дошол таму да земам нешто гратис или да се ценкам, а сигурен сум дека таков впечаток немаше да добијам ако атмосферата не беше како на пазарче. Јас разговарам со еден од вработените (Персонал-ниов), кога во даден момент, на сред дијалог, влетува познаник на Персонал-ниов, ни го ебе муабетот и јас добивам игнор. Култура алооооооо..!!!

Друга работа… компјутерот го плаќаш на едно место, а го подигаш во магацин што е 15 километри далеку од продажново место. Тоа е дополнителен трошок! Да, така можеби се спречуваат дополнителни гужви и се прави подобра организација за вработените, но потрошувачот е оштетен. Нема секој да даде 200 и кусур денари за такси до Сингелиќ и да се врати дома за уште 200 и кусур. Ај што нема, туку и не треба има. Од кога бе поранешните простории на Европски Универзитет се магацин на РиверСофт?!

Трета работа, ако сè уште има некој што не чул, компјутери купени со ваучери се препродаваат за 120€. Таа цена континуирано паѓа…

Поделбата на ваучери и морално и интелектуално го осакати овој и онака неписмен народ.

Ubuntu Home Server

Ubuntu Home Server (UHS) ќе биде посебно издание, специјализирано за администрирање на домашна мрежа. Се работи за мошне млад проект, кој сè уште не е официјализиран, но убаво би било да порасне, па да може да му пркоси на Windows Home Server. За повеќе инфо – скромното вики.