M-Проспект ДОО испитува кој како би гласал во Бутел

Вечерва во 18 часот и 42 минути на домашниот телефонски број, татко ми, примил повик од бројот 02 3095-948 и бил директно и недвосмислено прашуван за кој градоначалник во општина Бутел би гласал – претпоставувам на локалните избори догодина.

m-prospekt-ispituva-koj-za-kogo-ke-glasa-vo-butel

Пребарување за бројот 023095948 низ Македонските бели страници на Македонски Телеком

После првото следувало и второ прашање, кое татко ми побарал да му го повторат, по што младиот човек од другата страна почнал да се извинува и брзо го прекинал повикот.

Според белите страници на Македонски Телеком, бројот е во сопственост на М-Проспект ДОО од Скопје. Па ако во иднина добиете повик од овој број – 02 3095-948 – знајте што ве чека.

Повеќе информации за ова друштво на Интернет, јас, не можев да најдам.

Пропуст во Рамковниот договор

Цитат од „Пропуст во Рамковниот договор“ на Џејсон Мико:

Сега, сите знаеме дека ДУИ го форсира веењето на албанското знаме пред локалните избори за да му покаже на своето гласачко тело дека тие се „поголеми Албанци“ од другите албански етнички партии. И, според медиумските извештаи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во еден говор изјавил:

„Ова е албанска територија. Овие знамиња ќе се веат со векови“.

Kако прво, тоа не е албанска територија. Тоа е Република Македонија, Ахмети го знае тоа и ако навистина верува дека тоа се албански територии, тогаш треба да му се суди за велепредавство, колку и да звучи тоа политички неизводливо. Некои аналитичари тврдат дека тој го прави тоа од маркетиншки предизборни причини. Но дури Ахмети и да користи предизборна реторика, некои будали – млади и стари – ќе ја земат здраво за готово изјавата „ова е албанска територија“ и така ќе се однесуваат. Тоа е неодговорно и погрешно и тој мора да престане да дава такви потпалувачки изјави.

Згора на сè, и повторно според медиумските извештаи, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека: „Kако знак на меѓусебно почитување, сите граѓани на Македонија треба да ја споделат албанската радост и не треба да го отвораат прашањето дали е законски да се вее албанското знаме, бидејќи Албанците може да го сфатат тоа како провокација.“ Ти, Бујар, очигледно не го сфаќаш концептот на владеење на правото. Но тоа не ме изненадува, со оглед на тоа дека изјавата доаѓа од партија чии основачки членови почнаа војна против демократски избрана влада. Не Бујар, тоа нема никаква врска со „меѓусебното почитување“ за албанската радост, туку меѓусебното почитување на владеењето ја доведе во прашање законитоста на веењето знамиња? Провокација е да се постави прашање? Сериозен си Бујар?

Е, па сега, ѓаволот се врти да си го наплати долгот.

Знамињата – низ историјата – обележуваат доминација и сопственост. Затоа конквистадорите го поставувале шпанското знаме на секоја територија што ја освоиле за Шпанија. Затоа ОН ги истакнува знамињата на своите членки – зашто знамињата покажуваат дека тие земји се членки. Ова е неспорна вистина која ме тера да ги преиспитам мотивите на нашите албански пријатели кога инсистираат знамето на Република Албанија да се вее над македонските институции и над владините објекти. Среќен сум што Албанците – каде и да се – може да ја прослават 100-годишнина на Република Албанија и секако, имаат право на тоа. Но тоа што јас го сакам од нив – без оглед во која држава живеат – е да покажат почит и лојалност кон државата, без оглед дали е тоа Грција, Србија, САД или Македонија. Ако не можат да го направат тоа, тогаш јас не можам да им верувам.

Симболите, јазиците, ДУИ и Охридскиот рамковен договор

Република Македонија е мултиетничка држава, а не држава на два етникуми.

Во последно време, произволното толкување на Охридскиот рамковен договор создава навистина големи проблеми во работата на институциите и создава нетпреливост помеѓу припадниците на различните етнички заедници – главно помеѓу Македонците и Албанците.

За симболите и знамињата

Со поставувањето на албанското знаме во Кичево, ДУИ (Демократска унија за интеграција), намерно или не, изгледа го прекрши Охридскиот рамковен договор, во кој што, инаку, е регулирана употребата на симболите на заедниците.

7. Изразување на идентитетот

7.1. Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.

Согласно претходниот член, припадниците на албанската етничка заедница можат да го истакнуваат симболот на заедницата единствено заедно со симболот на државата Република Македонија. Никако самостојно.

Заради тоа поставувањето на албанското знаме Е ПРОВОКАЦИЈА што не треба да остане премолчена. Бесмислени се говорите на извесни политички фигури, што тврдат дека тоа не е провокација и, е нешто што и претходно се случило.

Во никој случај не сметам дека знамињата треба да бидат отстранети со употребата на сила или пак да бидат отстранети по секоја цена. Доколку сме се согласиле дека ќе го почитуваме и спроведуваме Охридскиот рамковен договор, тоа и треба да го правиме од сите страни. Затоа, покрај албанските знамиња задолжително треба да се постави и знамето на Република Македонија.

На страна од тоа, лично сметам дека знамињата се апсолутно бескорисни, се злоупотребуаат за манипулирање со јавното мислење и никако не го подобруваат животот во Република Македонија.

За Јазикот наспроти јазиците

Уште една важна работа наведена во Охридскиот рамковен договор е што во Република Македонија, службен јазик не е САМО македонскиот. Некои македонски политичари што го немаат прочитано Охридскиот рамковен договор тврдат дека службен јазик на Републиката е само македонскиот – нешто, што се користи за манипулација со јавноста и подгревање на меѓуетнички тензии.

6. Образование и употреба на јазиците

6.1. Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците, а истовремено во цела Македонија ќе се применуваат унифицирани стандарди за академските програми.

6.2. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Македонија, а врз основа на посебни спогодби.

6.3. При уписот на државните универзитети на нови студенти, кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинско население во Македонија, ќе се применува принципот на позитивна дискриминација се додека уписот правично не го одрази составот на населението во Македонија.

6.4. Низ цела Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик.

6.5. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, , како што е овде образложено. Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот може да се употребува во согласност со законот, како што понатаму е елаборирано во Анекс Б. Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија на централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија, ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна кацеларија на централната влада, кој ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот.

6.6. Во однос на локалната самоуправа, во општините каде одредена заедница сочинува најмалку 20% од населението на општината, јазикот на таа заедница ќе се употребува како службен јазик, дополнително на македонскиот. Во однос на јазиците на кои зборуваат помалку од 20% од населението во општината, локалните власти демократски ќе одлучат за нивна употреба во јавните тела.

6.7. Во кривични и граѓански судски постапки на кое било ниво, обвинетото лице или која било страна ќе има право на превод на државен трошок на сите постапки, како и на документи во согласност со соодветни документи на Советот на Европа.

6.8. Кои било лични документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, исто така, ќе бидат издадени на тој јазик, дополнително на македонскиот јазик, во согласност со законот.

Во согласност со претходните правила, обраќањето на г-динот Фатмир Бесими пред питомците на Воената академија, мислам дека НЕ беше провокација, под услов да нема разлика помеѓу службен и официјален јазик на Република Македонија. Многу медиуми го искористија овој настан за манипулација со јавноста, а истото го направија и многу македонски политичари.

ПРЕЗЕМИ: Охридски рамковен договор

Firefox Hangs On Download Start / Download Complete On Windows?

I recently noticed that on Windows, my Firefox (version 16.0.1), hangs whenever a new download is started or a download is complete.

So, I did some exploring online and discovered that there is actually a quick fix for this faulty behavior.

The Fix for Firefox Hanging on Download Start/Complete on Windows

Delete the file “downloads.sqlite” in “C:\Users\YOUR_WINDOWS_USERNAME\AppData\Roaming\Mozilla\Firefox\Profiles\YOUR_FIREFOX_PROFILE_NAME.default\“.

To apply the fix, you need to first close Firefox, then go the suggested folder, find “downloads.sqlite” and delete it. Then start Firefox and test how it behaves with downloads.

No hangs should be present and Firefox should run smoothly.