Junior Boys Live @ FabChannel

На блиц едно соопштение. Задутре (25.02.2007, недела) во 17:30 часот по наше време, на FabChannel, концерт имаат Junior Boys. Ретка можност да се чуе како звучи дуово во живо. За тие што немаат врска за што се работи, има 4 песни за слушање на нивниот myspace.
Друга работа… Ако некој знае да го „рипне“ (читај рипува) целиот концерт од оригиналниот веб сајт, убаво би било да го подели :)

The Holiday (2006)

Не сум некој љубител на боза романтични комедии, ама морам да признаам дека The Holiday е нешто сосема поинакво. Филм каков што одамна немам гледано. Неверојатно лесен за гледање, вообичаен во секој поглед, длабок во дијалозите, а без навлегување во многу детали… Чиста приказна за нормалните маж-жена односи и крајно ненаметлива сатира на причините за меѓуполови проблеми. Актерската екипа е приказна за себе… Камерон Дијаз, Кејт Винслет, Џад Лоу, Џек Блек а на 3 секунди и Дастин Хофман. Трае 138 минути (2 и нешто часа) а не нѝ почувствував кога помина.

NetBeans worldTour 2006-2007

Откако ја ослободи Java, Sun Microsystems го обнови развојниот пакет NetBeans со верзијата 5.5 и започна светска кампања за едукација на масите и уште поголема популаризација на Java. Во тој контекст понудена е услугата „Нарај го твоето бесплатно NetBeans worldTour CD“. Истата услуга функцуонира и во Македонија или можеби требаше, за Македонија. Моето CD стигна пред два дена и тоа во временски период од само 5 дена. Супер! Штом ќе го нарачате вашето CD, повремено посетувајте ја страницава и во најдолниот дел од неа, внесете ја точната email адреса за да си проверете дали CD-то ви е испратено и кога тоа се случило.

Ubuntu Studio

Во април, годинава нè чека уште едно иновативно издание од Ubuntu, за кое особено сум запален, зашто ме гаѓа во срце. Пред некое време реков како единствената причина зашто не сум на Линукс се апликациите за правење музика… епа Ubuntu Studio ќе биде одлична основа за да почнам со миграцијата. Ќе изобилува со корисни аудио/видео апликации и ќе биде вистинска мултимедијална работна станица. Ubuntu Studio е многу, многу импресивна дистрибуција и сосема извесно е дека ќе наиде на огромно внимание од корисниците, но сега за сега има сиромашни официјални информации. Тука се сликиве на Flick, викито и официјалниот веб сајт.