Animator vs. Animator 3D

Култното видео Animator vs. Animator „доби“ и трет дел. Овој пат дејствието е сместено во една апликација за 3D визуелизација… незаборавно :)

Вистината е дека ова видео е победничко на овогодинешниот интернационален фестивал за анимација и компјутерски игри – Animex, во категоријата „Games Design“. Нема директна поврзаност со серијалот Animator vs. Animator, но очигледно дека идејата е слична. Justin Hеnton е авторот на „ESC“.

Што е Rosegarden?

Rosegarden е единствениот Cubase еквивалент за Linux. Rosegarden е професионален аудио и MIDI секвенцер, аранжер и општо-наменски аудио композитор и едитор. Постои одамна т.е. некаде од 2002 – 2003 година и до денес има стигнато до верзијата 1.5, што беше објавена на 7-ми февруари 2007 год. Во декември 2006 година, Rosegarden беше Проект на месецот на SourceForge.net, така што јасни се сигналите дека се работи за издржано издание што вреди да се проучи.

Сè уште не сум го пробал, но имам во план да го направам тоа најскоро што можам и да пишам рецензија, ако имам што повеќе да кажам од SoundOnSound – еден од најдобрите магазини за музичка продукција, што има одлична рецензија за Rosegarden.

Во контекст со претходните записи за Ableton Live и FL Studio 7, ми текна да пребарам и да видам како стојат работите кај Linux. Всушност и најголемата пречка што сè уште не му се препуштам, е што не сум сигурен колку добро може да ги замени Windows апликациите за правење музика. Се надевам дека еден ден и под Linux, правењето музика ќе биде еднакво добро како и под Windows, а зошто да не и подобро. 

GOTYE

слика од албумот на Gotye

Gotye е многу нешта за многу луѓе и во исто време, многу нешта на само една личност (на самиот себе си, на пример), иако многупати може да биде малку нештa, за малку луѓе. Одеднаш.

Понекогаш, тој може да значи нешто за некоја личност… или луѓе, (а сите знаеме дека можно е да излажеш некои луѓе, понекогаш) но мора да се каже: неговата цел е да се залажува себеси, постојано. А тоа и го прави.
Понекогаш…“

Се отрув со албумов | Gotye – „Like Drawing Blood“ |, а ова погоре се извадоци од неговата „биографија. Баш инди. Одамна не сум слушнал нешто олку добро.

РЕКОМПРЕСИРАЊЕ НА ВИДЕО СО VLC media player (под Windows)

Иако нема типичен, а уште помалку „user-friendly“ интерфејс, сепак VLC е една од најдобрите апликации за репродукција на видео записи и во секоја наредна верзија е сè подобра. До пред извесно време не знаев дека VLC е и одличен транскодер, па си губев време со други апликации.

Во VLC рип на DVD се прави вака:

Посочување на изворот со Open Disk (Ctrl + D)

VLC располага со повеќе различни механизми на отворање или повикување на датотеки, но единствено со Quick Open не е дозволено да се прават дополнителни нагодувања на изворот. За рипување DVD, изворот ни е DVD диск, па затоа и најбрз избор е Open Disk или Ctrl и D oд тастатурата.

Извор DVD… дел тој и тој… запиши на хард диск…

Нагодувања на излезниот „stream“

Play locally“ е услов за репродукција на транскодираниот видео запис од хард дискот. Поедноставно кажано, оваа опција ви овозможува да го гледате филмот/видео материјалот додека тој се рекомпресира/транскодира.

File“ се означува за се одреди апсолутната патека на датотеката во која ќе се запишува, при што важно е да се знае дека екстензијата има директна врска со „Encapsulation Method“ подолу. Логично „mpg“ датотека ќе може да има еден од трите MPEG методи на инкапсулирање (затворање)… „mp4“ датотека = MP4 инкапсулација… Quick Time „mov“ датотека = MOV инкапсулација итн.

Video codec:
mp4v = mp4 компресија
Bitrate = квалитет на транскодираниот видео материјал (1024kbps=DVD рип на 2 CD-a | 512kbps=DVD рип на 1 CD)
Scale = големина на излезната слика (1=оригинална големина | 0,5=половина помали димензии на излезниот видео запис)

Audio codec:
Audio codec = тип на аудио компресија
Bitrate = квалитет на транскодираниот аудио материјал
Channels = број на канали на зачуваниот аудио запис (2=стерео | 6=5.1 surround)

Враќање во првобитната состојба

Ако по рипувањето не се деактивира опцијата Stream/Save, на повторно отворање на датотеката т.е. DVD дискот, ќе се почне со транскодирање отпочеток, што ќе значи и трајно губење на претходно конвертираниот видео материјал.

Транскодирањето трае толку колку што и трае филмот, т.е. видео материјалот. Ако настанат било какви грешки при транскодирањето, тие исто така ќе бидат присутни и на излезниот видео запис. Затоа препорачано е додека се транскодира, компјутерот да не се оптоварува со други „тешки“ задачи.