Personas е нов Firefox проект, што делува мошне амбициозно. Постои на ниво на веб сервис, а со Firefox се интегрира преку истоимената минијатурна екстензија, со што на корисникот му е овозможено да го менува ликот на Firefox во реално време. По дефиниција Persona е малечка престилка (skin) за Firefox, што се аплицира без притоа да има потреба од рестартување на прелистувачот. Проектот е во рана фаза од својот развој така што сè што во иднина ќе се случува ќе го носи кон подобро, иако и ова што е понудено како за почеток не е воопшто лошо. Единствено не ми е јасно, кој би сакал да има зајдисонце зад алатниците во Firefox. :) Но, добрата работа е што секој може да си направи своја Persona доколку туѓите не му се допаѓаат.