SumatraPDF е мал, брз и отворен читач на PDF документи и еден од „најлесните“ со коишто досега сум се сретнал. Апликацијата е сè уште во развојна фаза – „beta“, но со секое наредно издание е сè подобра и поприменлива. Ја користам веќе подолго време и активно учествувам во нејзината локализација на македонски јазик.

Повод за овој краток запис, е новата верзија 0.9.4. SumatraPDF, сега, е доволно стабилен PDF читач за секојдневна употреба. Во поранешните верзии имаше значителни грешки во рендерирањето, но сега, тие проблеми се минато. Ви препорачувам да го пробате и да оцените, дали може и вам да ви служи.

SumatraPDF

Засега, SumatraPDF е достапен единствено за Windows, но се надевам дека во иднина, листата на поддржани платформи ќе биде проширена и ќе биде можно да се премине на што помасовна употреба на овој одличен PDF читач. Доколку сакате, можете да земете и активно учество во развојниот процес.

Апликацијата ја развива Krzysztof J. Kowalczyk. Таа се базира на MuPDF и достапна е на многу јазици. За повеќе информации, повелете на основната веб страница.