„The Sex Education Show“ е навистина интересна британска документарна серија во продукција на ТВ каналот „Channel 4“, наменета првенствено за тинејџери.
Супер е што постои ваков серијал и што на него слободно можат да се потпрат сексуално неискусните млади луѓе. Серијата е мошне интересна, поставува и одговара многубројни и најразлични прашања во врска со сексот, сексуалната ориентација, половите органи, сексуално-преносливите инфекции, во врска со нормалните и патолошките појави на половиот систем на човекот.
Досега се сработени 6 епизоди од првата и 4 епизоди од втората сезона на серијалот (The Sex Education Show vs Porhography), па ви препорачувам да ги погледнете. Дополнително, на располагање на гледачите им стои и специјализиран веб сајт со дополнителни информации.
Еве торент за преземање на првата сезона и уште еден за преземање на 4-те епизоди од втората сезона.
Пријатно гледање и едукација.
ИЗМЕНА: Посочените торенти за преземање од BtJunkie, се заменети со торенти од The Pirate Bay.
Дискусија
треба зачленување за торентот…
еве го на пајретбеј: http://thepiratebay.org/torrent/4816139/The_Sex_Education_Show_2008_Season1