DSC01532

Само што се вратив од првата вечер на Скопскиот џез фестивал. Ги слушав The Skopje Connection – трио составено од Георги Шарески, Џијан Емин и Лука Аквино. Поминав одлично!

Албумот „AmAm“ имав прилика убаво да го ислушам пред настапот и морам да напоменам дека станува збор за врвно издание. Ме потсетува на мелодиите на Chet Baker, на музика од филмот „The Godfather“, на делови од „Moon River“ на Henry Mancini…

Вечерашниот настап беше супер. Албумот „AmAm“ е маст-хев.

Еве и една фотографија. Простете за лошиот квалитет, но единствено мобилниот ми беше при рака.