По долго време користење на Logitech глувчиња решив да пробам нешто „ново“.
Ново е во наводници зашто производителот на глувчето што денес си го купив има многу подолга традиција од Logitech, како компанија. Се сеќавам дека кога го купив првиот компјутер во шестто или седмо одделение (пред околу 14 или 13 години) со него добив звучници Trust Soundwave 30 (логично е што повеќе ги нема во палетата на производи на Trust). Тие и до денес беспрекорно работат.
MI-6600Rp е мал ласерски глушец со високи перформанси. Пред него користев Logitech RX1000 и не бев баш задоволен од обликот и од кликот на тркалцето за прелистување. Плус RX1000 има резолуција од 1000 dpi. Чини околу 900 денари. Trust MI-6600Rp има копирантски облик на Logitech VX Revolution и резолуција од 800 dpi и 1600 dpi (со посебно копче на глувчето се преминува од една на друга). Trust MI-6600Rp чини околу 900 денари. Ако се земе во предвид дека за 900 денари се добива изгледот на Logitech VX Revolution (кој чини над 3000 денари) и висока осетливост и прецизност на речиси секакви површини, тогаш ова е и тоа како исплатлива инвестиција.
Силно препорачан производ на сите корисници што сакаат подобри перформанси од тие на обичните оптички глувчиња и работат на проекти за кои е потребна висока прецизност.
Дискусија
Не можеш да споредуваш мини глушец со голем глушец како RX1000 (кој btw има 1000dpi, не 800). Плус – не можеш да споредуваш цени на жичен со безжичен глушец. А тоа дека RX1000 е крш невиден, апсулутно си у право. :)
Фала за исправката „1000 dpi“. Поправив и во текстот.