Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и дополнителни изданија за поединечните верзии од фонтот. Исто така, секоја дополнителна помош во изработката и подобрувањето на кириличните букви е добредојдена.
UPDATE: Направени се мали измени во позиционирањето на некои букви и додадени се специјални кирилични букви (е со надреден знак/и со надреден знак…) на вистинските позиции во unicode табелата.
Дискусија
Незнам за легалностите, но мислам дека треба да го пријавиш овој фонт во натпреварот за нови кирилични фонтови @ МојатаКирилица.ком.
Да и јас помислив на нешто такво, ама има многу нејаснотии во целиот конкурс, особено што на едно место вели „нови фонтови“,
а на друго:
Сепак, доколку е правно изводливо, би го пријавил фонтот.
Ти недостасува „ѐ“ („е“ со надреден знак). U+400 и U+450 се позициите на големо и мало „ѐ“; можеш едноставно да ги ископираш од латиничниот дел на фонтот (U+00C8 и U+00E8).
Можно е да сум утнал со местата, инаку ги има тие букви. Има и (`и) со надреден знак. Ќе корегирам…
Браво Гоце, фина работа си направил, ќе ни се најде на сите