Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и дополнителни изданија за поединечните верзии од фонтот. Исто така, секоја дополнителна помош во изработката и подобрувањето на кириличните букви е добредојдена.

UPDATE: Направени се мали измени во позиционирањето на некои букви и додадени се специјални кирилични букви (е со надреден знак/и со надреден знак…) на вистинските позиции во unicode табелата.