Дечки и девојки, што многу знаете да продавате памет по Твитер и останати социјални мрежи.
Следниот пат, кога ќе се случи сличен испад како овој со учебникот за петто одделение (а, ќе се случи), помислете каде навистина треба да го инвестирате Вашиот интелект. Наместо да презирате малограѓанштина, соочете се со неа. Засукајте ракави и повратете ја изгубената територија.
Таму каде што денес би можеле да делувате Вие, делува пониска развојна форма од Вас, што нашла начин да си приграби место во континиумот. Нашла начин – значи делувала активно на решавање на личниот проблем со подреденоста.
Денес, сите ние имаме проблем со подреденоста, но најмногу што можеме да сториме е да правиме бука по виртуелни мрежи, каде има минимални шанси некој да нè чуе? Ниту мислам дека сме го дале максимумот, ниту пак верувам дека ете баш ние сме ја имале среќата да стигнеме до безизлезот.
Ако сте против сите испади на малото граѓанство, покажете дека Вие сте поголемо граѓанство. Ако Ви се дадени легитнимни мерки за изразување незадоволство, користете ги нив. Не барајте алтернативи со полесни патишта.
Сакате промени? Направете промени! Не чекајте нови лидери, зашто во Македонија такви нема да се родат во наредниве триесеттина години. Зад кревката марихуана што слободно си расте, ќе наѕираат само евтини профитери и уште помали граѓани од овие, на кои денес им се потсмевате.
Па после и Вие ќе постанете транзициони родители за Вашите деца. Марионети, пиуни, кловнови…
Како вашите деца тогаш ќе знаат дека треба да Ве избават од тонење, ако денес Вие ги учите на морал, од малограѓанскиот учебник?