Сè некако си мислев дека играва ќе разочара, ама грешка сум бил. Игрива е до бесконечност, убава е за гледање, беспрекорно е стабилна и што е најинтересно во иднина ќе има клиент и за ГНУ/Линукс. Едвај чекам да видам какво искуство ќе биде тоа.
Извадив некое сликче колку да не биде штуро. Сликите се извадени со основно (default) пост-процесирање во прозорец и на „Insane“ пост-процесирање на цел екран, во Windows XP SP2.
По приказна, уште не сум играл, ама на Instant Action се раскостив. Прекрасно и многу забавно. Што се однесува до хардверот во споредба со Gears of War, Unreal Tournament 3 е многу поскромна што и визуелно се забележува (повеќе фрејмови во секунда). На резолуција 1280x1024px со „Insane“ пост-процесирање на мојот компјутер (Athlon 64 3200+, 2GB RAM, GeForce7600 GS 256MB VRAM) се игра со 15-тина фрејма во секунда. Без пост-процесирање на резолуција 1280x1024px сè е беспрекорно, но и малку посиромашно. Интересно е и тоа што во било кој момент од играњето може да се активираат/деактивираат специјални ефекти, да се промени резолуција, да се помине во „windowed“ мод… супер!
Физиката во играта ќе биде посебно интересна за сопствениците на Ageia PhysX – хардверскиот акцелератор за физика (ако воопшто некој во Македонија има ваква картичка).
Не знам што е ново „на хартија“, кај Unreal Tournament 3, ама мене ми се виде ептен интересна. Ја препорачувам. :)