И покрај тоа што сум голем поддржувач на слободниот софтвер и слободната култура воопшто, за да завршам одредени работи сè уште користам Windows. Слободниот софтвер сè уште бавно напредува на одредени полиња од својот развој, но што е тука е. За сè треба време.
Слободниот софтвер безброј пати го има закрпено Windows и го има направено поприменлив. Еве само неколку слободни апликации што го потврдуваат тоа:
- Mozilla Firefox
- Mozilla Thunderbird
- Launchy
- 7-zip
- OpenOffice.org
- VLC media player
- Inkscape
- Pidgin
- Blender
Денес, кога Microsoft има повод да се пофали со својот најнов оперативен систем – Windows 7, директно и недвосмислено покажува дека се наоѓа во очајна и губитничка позиција и дека сè уште не е во состојба да научи од сопствените грешки. На Slashdot има еден коментар што одлично ја опишува појавата на Windows 7:
I get the impression that the Windows 7 launch is a lot like seeing an old girlfriend suddenly show up on your doorstep wanting to get back together. She’s had some work done, apparently: stomach stapling to take off some of the weight, breast augmentation, and a radical nosejob to make her look as much like your current girlfriend as medical science will allow.
She’s pretty, of course, almost too pretty. She still wears far too much makeup and carries that desperate look in her eyes. The fragrant haze around her is the perfume she overuses to mask the scent of failure.
But standing there in that low-cut top, you’d almost forget for a moment what a psycho she was- how she used to shut down in the middle of a date and forget everything you were talking about and how she was only happy when you were buying her things. You’d almost forget about carrying around her legacy baggage or those nights when, for seemingly no reason at all, she would simply stop speaking to you and when you asked what was wrong she’d just spit a string of hex code at you and expect you to figure it out.
You complained about her for years before finally deciding to get rid of her, and here she is again. Though, somehow she seems like a completely different person now.
“I’m up here,” she says when she catches you staring at her chest.
Tempted though you may be, you know that over time she’ll get bored and slow down on you just like she always does. And then you’ll be right back where you started: trapped. She keeps you by convincing you that you don’t have a choice. You’re just not smart enough for one option or rich enough to afford the other.
“But I’m different now,” she says, batting her eyes innocently. “I’ve changed.”
Indeed she has. Apparently, she’s really into Cabala now or something like that. It’s helped her discover loads of untapped potential in herself. But it also means that you’ll have to buy all new furniture to fit with her understanding of feng shui. That’s not the only change she has in store for you. The minute you let her move in, she’ll have a new alarm system put in that succeeds only in preventing your friends from coming over on poker night.
She doesn’t love you, but she doesn’t hate you, either. The truth is that she couldn’t care less one way or the other. She’s here because she doesn’t want to be alone. Like all human beings, especially those well past their prime, she wants to feel wanted and, after a string of lost jobs and bad investments, she needs a place to stay.
But all in all, she’s OK. She’s a seven. She’ll do, I guess.
Сè што Microsoft прави при изработката на Windows 7, e доработка на Windows Vista. А, Windows Vista, сметам, дека е еден од најкомплицираните оперативни системи досега.
Еве како работите изгледаат во мојата пракса:
- Windows 7 се стартува поспоро од Windows XP;
- Windows 7 на мојот компјутер (на кој имам 2GB RAM) користи околу 680MB RAM, кога компјутерот ништо не работи. Понекогаш, ако сум играл игра и сум ја затворил, вредноста на системски искористен RAM се спушта до 520 MB;
- При инсталација на апликации кои беспрекорно се инсталираат на Windows XP, Windows 7 се заглавува и по неколку минути пред да дозволи да започне самата инсталација на избраната апликација;
- на Windows 7 форматирањето на USB стикови е поспоро;
- Windows 7 поспоро копира датотеки од Windows XP;
- при копирање на големи количества податоци, за да се прекине копирањето, потребно е да се чека по неколку минути од кликнувањето на „Cancel“;
- целокупното користење на Windows 7 ми се виде поспоро од користењето на Windows XP;
- апликации што го немаат во предвид UAC пријавуваат критични грешки и не може да се стартуваат доколку UAC не е исклучен;
- кога е „idle“, Windows 7 постојано запишува нешто на системскиот хард диск.
Сепак, многу корисни ми се видоа т.н. листи на скокови и можноста за креирање било какви врски во нив, па претпоставувам дека прашање е на време, кога ваква слична функционалност ќе биде интегрирана и во Ubuntu и во другите популарни GNU/Linux дистрибуции.
Ако некој бара одговор на прашањето „Дали Windows 7 е побрз од Windows XP?“, тогаш треба да се изговори, кратко и јасно „Не е!“. Се прашувам зошто сите го споредуваат со Windows Vista?
За 5 дена излегува новата верзија од Ubuntu – верзијата 9.10. Доколку вашиот компјутер го користите за прелистување низ Интернет, пишување текстови, слушање музика и гледање филмови (се разбира дека можете да го користите за што уште сакате – слободен е), навистина би можеле себеси да се поштедите од барање на пиратски верзии од Windows 7 што работат и не се заразени со вируси. Уште денес можете бесплатно да ја преземете кандидат верзијата од Ubuntu 9.10 и да се уверите дека работите не би требало да функционираат толку комплицирано како во Windows. Ubuntu 9.10 ќе биде најисполираното издание досега, ќе има бројни значителни подобрувања, ќе работи подобро од претходното издание и бидете сигурни дека нема да ви побара 1GB RAM или пак 16GB хард диск простор, за да можете да го инсталирате.
За крај, еве една позадина, за да си ја разубавите работната околина во Ubuntu. Позадината ја направив во чест на Karmic Koala (Ubuntu 9.10), a достапна е на deviantART од месец мај, оваа година.
Дискусија
Доклку го користиш компјутерот како netbook, Ubuntu ќе заврши работа. Доколку посериозно користиш компјутер Ubuntu е само спореден оперативен систем.
Не би рекол. Пред некој месец бев на работилница за Blender. На работилницата правевме текстури, три-де модели, обработувавме фотографии, за на крајот да направиме повеќеплатформска компјутерска игра и сето тоа во Ubuntu.
@Никола што е тоа што твојот Windows може, а што моето Ubuntu или било која друга GNU/Linux дистрибуција не може?
Се работи за 2 различни оперативни системи, секој за свој пазар. И секој корисник оди по своите потреби. Темава windows против некој друг оперативен систем сум ја сретнал многу пати до сега и никогаш не сум видел победник. Поточно секогаш гледам две спротиставени страни кои пробуваат да докажат некому нешто. И никој никого не разбира хаха.
Мојот став е следниот, без намера да провоцирам никого.
Windows e подобар оперативен систем за 99 проценти од луѓето во светот. Вклучувајќи ме и мене. Имам нормален компјутер, кој е горе доле во чекор со светските стандарди, 4гб рам, културна плоча, интел квад процесор итн… Windows vista 64 моментално ме служи одлично. Работам на компјутерот, играм ММО и секакви други игри, и го користам во слободното време. Сакам на мојот маус и тастатура да работат сите копчиња и навистина немам потреба да инсталирам слободен оперативен систем.
Е сега, доколку важат законите кај нас и сите фирми се задолжени да користат слободен софтвер, тогаш секако се согласувам на постарите компјутери кај сите фирми да се инсталира убунту или било кој полесен оперативен систем за работа со офис и слични програмчиња. Нормално ќе има проблем со програмите за книговодство и со користењето на компјутерот, пошто на секретарките ќе им треба една година да се навикнат.
Имам многу пријатели кои цел живот користат слободен софтвер и сум ги слушнал сите аргументи а сепак останувам на моето мислење и се согласувам само за неколку работи, ќе набројам неколку.
УНИКС оперативен систем е подобар сервер, поточно ако ми треба компјутерот да работи 5 години и да врши некоја конкретна функција и никој да не седи на него, нема проблем, бирам УНИКС.
Windows или било кој МС продукт не вреди 150 евра.
И како последно, УНИКС или ЛИНУКС или како и да го кажам, работи добро на стари машини.
Идеологијата на слободниот софтвер нема да ја коментирам бидејќи и јас сум против фирмите монопол, и генерално против сите тие проекти со милјарди долари во буџет, и навистина не гледам холивудски блокбастери. А сепак си користам Виста и ќе си ставам седмица некој викенд кога ќе бидам слободен. Битно пари microsoft од мене немаат видено хахах, нема ни да видат.
И момци, најискрено, успехот на MS Windows нема потреба да се оспорува, пошто луѓето прават милјарди и статистиката вика дека тој оперативен систем е стандардот.
Поздрав.
@вИКТОР Да почнеме од Illustrator, Visual Studio итн. Мислам дека за Windows има далеку повеќе избор на апликации за било што, со оглед дека процентуално е најзастапен на Desktop-от. Нема што да се споредуваат двата оперативни системи со оглед дека едниот е подмножество на другиот. Идеата за слободен софтвер е добра за студенти да можат да влезат во одреден проект со кој ќе стекнат искуство и после со тоа ќе се вработат каде што ќе работат на не така слободен софтвер. Затоа секој open source проект обично заглавува на секое вработување, па чека некој свежо месо :).
Митко, темата не е Windows против друг оперативен систем, туку „Windows 7 е илузија“… или во твојот контекст тоа би можело да се преведе како Windows против самиот себе. Сепак, ти благодарам за коментарите.
@MITKO, претпоставувам имаш пиратска верзија… како и сите останати :-D…