При надградба со најновата верзија на WordPress – верзијата 2.8.3 – ми се појави следниов проблем.
На сите целобројни вредности, поголеми од нула, им беше додадена вредноста „,000“ (без наводници). На пример: тоа што досега било 5, по надградбата се претворило во 5,000.
Претпоставувам дека во прашање е некоја глобална променлива и на неа ѝ е „залепен“ непотребен додаток, но сè уште не сум успеал да го потврдам тоа. Доколку и некој друг го има истиов проблем или пак го решил, би бил благодарен ако своето искуство го сподели, во облик на коментар, на овој запис.
ИЗМЕНА: Ок. Проблемот е дефинитивно во преводот. Штом го вратам WordPress на англиски јазик, т.е. штом ја исклучам македонската локализација сè си е во ред. Впрочем, мислам дека проблемот настанува откако ќе го активирам преводот за верзијата 2.8.3. Со преводот за верзијата 2.8.2 сè е во ред. Претпоставувам, оваа грешка настанала во брзање и се надевам дека наскоро ќе биде поправена.
Дискусија
а каде тоа? ..
мене ми личи како да целите броеви ги третира како реални (floating) .. е сега, ако ги вади тие бројки од база, да не се сменила структурата на базата?
Да. Децимални се со точка, а овие имаат запирка. Ама нема промени на типот на променливата, само што проверив во структурата на базата. На пример:
comment_count
еbigint(20)
вредност, а се прикажува со запирка и три нули потоа. Исто така, проверив дали промените се запишани врз соодветните вредности во базата… но, не се.Проблемот е најзабележлив ако излисташ повеќе записи на насловната и го погледнеш бројот на коментари за прикажаните записи. Записите што немаат коментари или пак имаат само еден се во ред. Проблемот настанува кога вредноста е поголема од 1.
Ме буни тоа што и во администрацискиот дел, вкупните вредности на објавени записи, коментари по записи итн. исто така се со запирка и три нули потоа.
Го ѕирнав преводот и знам што е проблемот.
Има 3 промелниви кои го дефинираат изгледот на децималните броеви кои се поставени на следниот начин:
number_format_decimals = 3
number_format_decimal_point = ,
number_format_thousands_sep = .
Што значи дека децимален број со македонски превод би бил претставен како: 1.234,567
Според правописот децинмалните броеви во македонскиот јазик се пишуваат со запирка, точката се користи за илијадарки ;)
Копав малце и по кодот на вордпрес и видов дека во функцијата кде што го форматираат бројот не проверуваат дали е децимален број (float) и од тука излегува проблемот.
Пишав на листата за преведување на вордпрес и добив одговор дека оваа функција се користи само за форматирање на цели броеви, така што до утре ќе го ажурирам преводот.
ПОЗДРАВ
ги ажурирав преводите. можеш да го преземеш преводот од http://0.mk/398
Супер. Сега е во ред. Ти благодарам, Чомбе.
Според правописот децинмалните броеви во македонскиот јазик се пишуваат со запирка, точката се користи за илијадарки
За ова си во право. Јас сум бил грешка.