Сè до денес мислев дека Beryl е всушност скршена технологија, веројатно затоа што никако не ми успеваше да го проработам како што треба… Ама ова што имав прилика да го доживеам откако го инсталирав „Compiz Fusion“, е многу тешко-објасниво со зборови. „Compiz Fusion“ е благослов, привилегија, финта, финеса, помош, занимација… но во никој случај не е ни блиску до тоа што е Beryl како самостојна апликација (мислам од аспект на перформансите при работа и нормално целам кон тоа дека Beryl е тапа). Има многу новини, работи беспрекорно, навистина… инсталацијата е боза… Морате да ги погледнете: Expo, Group and Tab Windows, Paint Fire on the Screen и Cube Reflection.
„Compiz Fusion“, те сакам! :D
Патем, за инсталацијата се послужив со ова упатство, а на истата страница има и врски до 3 различни видеа – демонстрации за новините во „Compiz Fusion“.
Дискусија
Само што го поставив, и ми се свиѓа. Далеку постабилен е од Берил. Само пак не ми работи Нетбинсот :(
Јас ги минувам последниве денови со Kubuntu, после што веројатно ќе користам ArchLinux 100% на машиниве.
Тоа значи дека ќе го измалтретирам системов максимално :))
Патем, и јас сметам дека Beryl може негативно да се одрази на продуктивноста, исто како и другите такви џиџиња, вклучувајќи ги ефектите во OS X, Vista па еве и Beryl/Fusion. :)
Have fun!
Е да, и ти си во право, ама најчудната работа е што Ubuntu-во подобро ми работи со Compiz Fusion отколку без него и баш и не ми е јасно како е тоа можно…
Без Compiz работиш на XGL?
Врска немам дали е XGL или AIGLX (ептен сум нов во работиве), ама имам Nvidia GeForce 7600 GS графичка картичка, ако тоа нешто ти значи… :) Изгледа нема ништо да ти значи, ама ај. :)