написи : видео : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Сликовит приказ на балканската транзиција

Мислам дека, подобра слика на балканската транзиција досега немам видено на ниеден друг сериски филм, како што имам видено на „Vratice se rode“. Не сум се сетил порано да го споделам ова со вас, но еве се сетив сега. Премотајте го првиот клип до 4.44 и погледнете. Ете ги сите „зафатени“ политичари, визионери, преродбеници, инвеститори… […]

Bei the Fish, Каролина, Danndy и јас

Да имав повеќе време, повеќе ќе напишев, но немам… па само на кратко. Мислам дека и ова е премногу, ама ајде… Bei the Fish направиле нова песна со Каролина. Супер! Извесен Danndy – denibozinovski направил видео клип што содржи сцени од повеќе филмови и реклами и се разбира, не е официјален видео спот за песната. […]

Theora компресија

Theora е бесплатен и отворен формат на видео компресија од фондацијата Xiph.org – дел од нивниот проект Ogg (проект што има за цел да овозможи интеграција на кодекот VP3 на On2 Technologies, аудио кодекот Ogg Vorbis и мултимедијалните формати Ogg во комплетно мултимедијално решение, што би било конкурентно на форматот MPEG-4). Ogg Theora припаѓа на […]

Очај

Едноставно неверојатно… :D По сè изгледа дека сите пари на светот се малку за да се поправи имиџот на Microsoft Windows Vista. Се прашувам кој е врвниот тим што вака умешно работи во корист на конкуренцијата и на ГНУ/Линукс? Станува збор за интерно видео на компанијата, што „случајно“ го објавил некој вработен. Извор Врска до […]

Handbrake 0.9.0

Handbrake е повеќе-платформски DVD во MPEG4 претворач со отворен код, достапен за GNU/Linux, MacOS X и Windows. Деновиве беше објавена првата официјална јавна верзија од апликацијата, со сериозни новини и измени во однос на претходните тест верии. Кој се обидел со Handbrake знае колку е едноставно да се претвори едно DVD издание во соодветен подвижен […]

Ubuntu Studio

Во април, годинава нè чека уште едно иновативно издание од Ubuntu, за кое особено сум запален, зашто ме гаѓа во срце. Пред некое време реков како единствената причина зашто не сум на Линукс се апликациите за правење музика… епа Ubuntu Studio ќе биде одлична основа за да почнам со миграцијата. Ќе изобилува со корисни аудио/видео […]

РЕКОМПРЕСИРАЊЕ НА ВИДЕО СО VLC media player (под Windows)

Иако нема типичен, а уште помалку „user-friendly“ интерфејс, сепак VLC е една од најдобрите апликации за репродукција на видео записи и во секоја наредна верзија е сè подобра. До пред извесно време не знаев дека VLC е и одличен транскодер, па си губев време со други апликации. Во VLC рип на DVD се прави вака: […]