написи : Интернет : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Blizoo ја блокира портата бр. 465 на својата мрежа [писма од читатели]

Немав претстава дека Blizoo го пренасочува сообраќајот од портата бр. 465 (SMTPS) на својата мрежа. Ако добро сум го разбрал Петар, сообраќајот од динамичките IP-адреси се спроведува преку преку портата бр. 25 низ серверот smtp-relay.cabletel.com.mk што, практично, ги одзема придобивките од користењето на SMTPS. Здраво Гоце, Би сакал да те запознаам со неколку работи за […]

Македонски Телеком ја намалува брзината на преземање преку BitTorrent?

Не знам за другите провајдери во Република Македонија, но изгледа дека Македонски Телеком „преминал на темната страна“ и вовел ригорозна контрола на брзината на преземање преку BitTorrent.

Десет огнени лисици и десет молскавични птици

Денес, на 31 јануари 2012 год. излегуваат уште две нови надградби од кујната на Mozilla. Очекувајте ги Firefox 10 и Thunderbird 10 попладне, кратко по 16 часот, по локално време. Што е ново во Firefox 10? Firefox 10 ќе биде релативно голема надградба или барем поголема од оние, на кои се навикнавме во изминатиот период […]

Неколку прашања за услугите од 3 Max на Македонски Телеком

Убеден сум дека има технички можности Македонски Телеком значително да го подобри квалитетот на услугите за пакетите од 3 Max, но тоа упорно не го прави. Сакам да поставам неколку, според мене, сосема издражни прашања: Зошто, Македонски Телеком не ја зголеми брзината на врската на корисниците на MaxTV, за опсег, колкав што му е потребен […]

Откако ставив MaxTV – 3 Max Comfort+

Откако мигрирав на пакетот 3 Max Comfort+, моето сфаќање за квалитетот на услугите на Македонски Телеком се промени значително. Во овој краток напис, ќе ги наведам причините за тоа, без некој посебен редослед. Ги пишувам овие работи, за потенцијалните корисници на 3 Max Comfort+ да знаат што ги очекува. Откако ставив MaxTV: расположливата брзина на […]

Македонски Телеком, 0800-12345, АЕК, грижа за корисници

На македонскиот пазар има очајна потреба од конкуренција во секторот за Интернет и комуникации. Да не речам, ни треба нов Он.нет. Она што во моментов се случува во Македонски Телеком е за секаква критика. Компанијата како да подзаспала во својата слава. Грижата за корисниците е на мизерно ниво. Да не речам, ја нема. Розовиот свет […]

Цензурата на МВР не му помага никому

Цензурирањето на говорот на омраза, не го оневозможува неговото постоење! Што е важно дали ќе бидат избришани проблематичните пораки, кога свеста на луѓето што ги напишале, ќе остане иста? Спречувањето на говор на омраза на Интернет, е однапред изгубена битка. Проблемот, се разбира, е многу, многу поголем, зашто подразбира иницирање на промени во свеста на […]