написи : оперативен систем : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Mac OS X Snow Leopard во VMWare

После неколку-дневно експериментирање успеав да го проработам Mac OS X Snow Leopard во VMWare. Се служев со овој прирачник, а чиста верзија на Snow Leopard преземав преку овој торент. Инсталацијата се одвиваше речиси праволиниски. По завршувањето добив целосно функционална верзија на Snow Leopard што може да се ажурира со најновите надградби. Snow Leopard во VMWare […]

Ubuntu Title на кирилица

Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и […]

Ubuntu 2.0 на македонски

Еве ја и локализираната верзија од мојата претходна позадина за Ubuntu. Се надевам дека ќе биде од корист. Во моментов работам на кирилична верзија од официјалниот фонт на Ubuntu, па за некој ден и тоа ќе следува…

Ubuntu 2.0

Уште една прилично едноставна и чиста позадина за работна околина на тема Ubuntu. Убаво стои. Па пробајте ја… :) Во меѓувреме се случи и подобрeната Hardy Heron Aurora, а посебно ми е драго што е сè погледана и попреземана. Трудот не бил залуден. :)

Hardy Heron for the masses

Ова е мојот придонес за најновото издание на Ubuntu – Hardy Heron. Инспирација: MacOS Aurora. Претпоставувам дека ќе има и втора верзија од оваа позадина. Честитки за изданието и само напред. :)

Очај

Едноставно неверојатно… :D По сè изгледа дека сите пари на светот се малку за да се поправи имиџот на Microsoft Windows Vista. Се прашувам кој е врвниот тим што вака умешно работи во корист на конкуренцијата и на ГНУ/Линукс? Станува збор за интерно видео на компанијата, што „случајно“ го објавил некој вработен. Извор Врска до […]

Најкул во ГНУ/Линукс, го нема во Windows и на Mac!

Навистина интересен запис и дискусија. Блогерот дава одговор на прашањето: Која е најкул работа што можеш да ја правиш користејќи ГНУ/Линукс, а не можеш во Windows или на Mac? Да го надградиш оперативниот систем со најновата верзија легално и без да треба да плаќаш пари Најновата верзија од оперативниот систем да работи побрзо од претходната, […]